HomeДЕНЕШНАСветПрви слики од остатоците на египетскиот авион

Први слики од остатоците на египетскиот авион

Египетската војска ги објави првите фотографии од остатоците на урнатиот авион на EgyptAir кои се пронајдени во Средоземното море заедно со предмети на 66 патници и екипаж. Авионот Airbus A320 полета од аеродромот Шарл де Гол кон Каиро, но на околу 280 километри од египетскиот брег го губи целосно контактот.

Сега има нов извештај дека од авионот стигнувале сигнали за испуштање на чад, но тоа не е доволно за да се утврди дали станува збор за терористички напад, технички дефект или пилотска грешка. Истрага спроведуваат и француските воздухопловни власти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com