HomeДЕНЕШНАСветПрва операција на мозок кај буден пациент во Романија

Прва операција на мозок кај буден пациент во Романија

Foto: Thinkstock / ilustracija

Романските доктори денес изведоа прва операција на мозок кај пациент во будна состојба во оваа земја. Во соопштението од болницата Колентин во Букурешт каде операцијата беше изведена, стои дека пациентот бил 48-годишна жена со тумор кој го прикрил нејзиниот примарен моторен кортекс, примарниот соматосензорен кортекс и областа задолжена за хемиспецијална перцепција. „Анестезолозите одиграа клучна улога во операцијата бидејќи им помогнале на хирурзите да оперираат буден пациент кој за време на операцијата бил способен да зборува, да се смее и да пишува на лист“, стои во соопштението.

Според овие информации, станува збор за една од најспектакуларните анестезиолошки техники кога на пациентот првобитно му се дава четврти степен на анестезија за после тоа да започне операцијата. Кога ќе се дојде до туморот после 20-30 минути, пациентот се буди. За време на операцијата на мозокот која траеше четири часа, жената била потполно будна, многу кооперативна, стои уште во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com