HomeДЕНЕШНАСветПрва земја која го забрани гејмерскиот хит „Pokemon Go“

Прва земја која го забрани гејмерскиот хит „Pokemon Go“

Ловењето на Покемони во Иран е невозможна мисија, бидејќи таа веќе е првата земја која го забрани играњето на планетарно популарната игра. Се уште не е јасно зошто Иран ја донел оваа одлука, но според медиумите оваа игра довела од „загриженост за безбедноста на граѓаните“, иако не сакале дополнително да коментираат.

Pokemon

Еден од компијутиерските експерти верува дека „Pokemon Go“ ги охрабрува играчите да бидат креативни кога е во прашање потрагата по Покемоните дури и ноќе, што може да претставува проблем. Возможно е Иран да сака да го спречи и „Покемон ефектот“, назив за феномен во кој десетина или дури стотина луѓе се наоѓаат на иста локација во исто време и тука поминуваат дури и по неколку часа. Дури се забележани и случаеви во кои луѓето биле ограбени на одредените „Покемон станици“.

Иран за забрана на оваа игра размислувал и минатиот месец, но чекале да видат дали можат да се договорат со сопствениците на играта околу деталите во врска со забраната, пренесуваат медиумите. Иран така стана првата земја која ја забрани играта „Pokemon Go“, но ова дефинитвно не е првото разгледување за забрана на оваа популарна игра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com