HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПрамен од косата на Дејвид Боуви ставен на аукција

Прамен од косата на Дејвид Боуви ставен на аукција

Обожавател на Дејвид Боуви кој во саботата ќе купи прамен од косата на легендарниот британски музичар, ќе мора да издвои голема сума на пари. Праменот кој ќе се најде на аукција, е проценет на сума од нешто повеќе од 4.000 долари. Аукциската куќа „Херитиџ окшенс“ соопшти дека праменот преврзан со бел конец е во сопственост на жена која порано работела во музеј за восочни фигури во Лондон.

Таа во 1983 година правејќи восочна фигура за Дејвид Боуви ја искористила неговата коса, а праменот го чувала како сувенир, кој во саботата ќе биде понуден на аукција во Беверли Хилс. Боуви почина на 11 јануари после повеќегодишна борба со ракот, три дена откако го прослави својот 69 роденден, а болеста успешно ја криеше од своите обожаватели до самиот крај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com