HomeДЕНЕШНАРепубликаПразничен ручек за мигрантите во Табановце

Празничен ручек за мигрантите во Табановце

По повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, денеска во Транзитниот центар Табановце невладините организации подготвија ручек и донесоа подароци за децата.

– На овој голем празник на муслиманите, ние се организиравме и се солидаризираме со бегалците. Убаво е да се види дека сите се расположени, сакаме барем малку да се почувствуваат како да се во своите домови во Сирија – изјави Едмонд Латифи од организацијата „Легис“.

Во центарот има бегалци од Сирија и од Авганистан. Најголем процент се семејства со деца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com