HomeДЕНЕШНАРегионПравилата не важат ако си претседател: Колинда Грабар го сликаше гласачкото ливче

Правилата не важат ако си претседател: Колинда Грабар го сликаше гласачкото ливче

Државното изборно доверителство (ДИП) на Хрватска ги потсети гласачите дека на избирачките места не треба да се користат мобилните телефони и да се фотографираат гласачките ливчиња. Претседателката Колинда Грабар Китаровиќ го направи сосема спротивното. Камерите на телевизијата N1 ја уловија претседателката додека го фотографираше своето гласачко ливче.

„Со кршењето на прописите, Претседателката на РХ го загрози интегритетот на изборниот процес, и таквото однесување не би смеело да стане пример на другите. Не веруваме дека е под нечија контрола, но таквите докази инаку се користат како подлога за купување на гласовите“, напиша граѓанското здужение кои ги следи изборите, ГОНГ на Фејсбук.

„Претседателката смее она што на другите им е забрането?“, гласи коментарот покрај фотографијата од Колинда како со мобилнииот го фотографира своето гласачко ливче.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com