HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПо триумфот над Азербејџан, фудбалерите „во аут“ на домашен терен против Иран

По триумфот над Азербејџан, фудбалерите „во аут“ на домашен терен против Иран

Најсилната македонска фудбалска репрезентација загуби со 1-3 во контролката со Иран која вчеравечер беше одиграна на националната арена „Филип втори“.

Избраниците на Игор Ангеловски имаа далеку полоша игра од онаа во Австрија кога триумфираа против Азербеџајн со 3-1. Гостите преку погодокот на Сердар Азмун го отворија мечот во 8-та минута, а само две минути подоцна Александар Трајковски возврати на ударот и израмни на 1-1. Гостите фуриозно тргнаа во нов напад кој Азмун повторно го претвори во погодок во 20-та минута, каде на полувреме нашиот противник замина со водство од 2-1.. Во второто полувреме Ангеловски им даде шанса на младите фудбалери од репрезентацијата до 21 година, но ваквиот избор не ја промени играта на нашиот состав, а по изгубената топка на Бабунски во 60-та минута, Ззмун повторно ја погоди мрежата и со хет-трик го постави конечниот резултат.

фото: Екипа

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com