HomeДЕНЕШНАСветПо исчезнувањето на хеликоптерите, на Турција и недостасуваат и воени бродови

По исчезнувањето на хеликоптерите, на Турција и недостасуваат и воени бродови

Најмалку 14 бродови на турската Воена морнарица и понатаму се наоѓаат на отворено море и со нив не може да се стапи во конктакт, а турските власти стравуаат дека е можно на нив да се наоѓаат пучисти кои сакаат да побегнат во друга земја, пишува денеска „Тајмс“.

Извор, за весниот, потврди дека воените власти исто така не можат да стапат во контакт со командантот на турската морнарица, адмиралот Вејсел Ќоселе.

Не е познато дали Ќоселе е еден од организаторите на пучот, чија цел беше да се собори од власт турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, или пак пучистите го држат како заложник.

Новинарот на турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, Сердар Тунчер во неделата објави дека најмалку 42 хеликоптери на турската војска исчезнале пред или за време на неуспешниот обид за преврат во земјата.

Тунчер на Твитер напиша дека пописот на воената опрема, спроведен по неуспешниот пуч, покажал дека недостигаат 42 хеликоптери, што наведува на загриженост дека би можело да дојде до нов обид за соборување на Ердоган од власт.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com