HomeДЕНЕШНАРепубликаПо големиот број несреќи АМСМ препорачува да не се патува преку ден

По големиот број несреќи АМСМ препорачува да не се патува преку ден

Од Автомото сојузот на Македонија поради високите температури препорачуваат патување во раните утрински и вечерни часови, со почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.

Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните  премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com