HomeДЕНЕШНАСветПо Брегзит Камерон си дава оставка, берзите тонат

По Брегзит Камерон си дава оставка, берзите тонат

Националистите и параноиците во Велика Британија успеаја да ја убедат јавноста дека членството во ЕУ е погубно за нивната економија и безбедност, но веднаш по референдумот за излез кој е успешен се бележи голем пад на сите британски берзи и загубата на компаниите се проценува на 137 милијарди фунти. Се стравува и деак пад на вредноста на акциите ќе има и на светските берзи што може да доведе до ново микро финансиска криза.

Политичките последици за излез од ЕУ веќе ги претрпи актуелниот премиер Дејвид Камерон кој ја прими пораката на електоратот и си поднесе оставка затоа што се гласаше за излез од ЕУ со 52% од гласовите и во октомври ќе се избира нова влада.

Референдумот и дозволува на Велика Британија да одлучи дали ќе ја напушти унијата, а многумина аналитичари стравуваат дека ќе има големи последици за економскиот пазар и ќе следат нови референдуми во државите кои се незадоволни од ЕУ.

Секако, ова е и силна порака за самиот Брисел кој е презаплеткан во бирократија и претенционизам, политички сопки за сите држави кои не се Западна Европа и дисбалансираните односи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com