HomeРЕФЛЕКТОРТеатарПојдете вечерва на монодрамата „Делирум Тременс“ во МНТ, доделуваме и гратиси

Појдете вечерва на монодрамата „Делирум Тременс“ во МНТ, доделуваме и гратиси

Во рамките на театрскиот фестивал МНТ-ФЕСТ вечерва од 20 часот ќе се игра гостинската монодрама „Делирум Тременс“ работена по текст на Благоја Ристески – Платнар, а во изведба и режија на Игор Трпчески. Проектот е на Театарска Работилница Прилеп во копродукција со НУЦК Марко Цепенков – Театар Војдан Чернодрински Прилеп.

DT_premiera_02

За нашите верни читатели доделуваме и две гратис влезници кои ќе може да си ги подигнат пред почетокот на претставата од МНТ, па се што треба да напрвите е да стиснете лајк на веста и да ја споделите на вашиот Facebook профил.

Претставата „Делирум Тременс“ е добитник на две интернационални награди на фестивалот АЛБА МОНО во Корча Албанија и учествуваше на фестивалите Ристо Шишков во Струмица, МТФ Војдан Чернодрински Прилеп, ДРИМ ОН фестивал во Струга, Демир Хисарско лето и на Фестивалот Охридско лето 2015 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com