HomeДЕНЕШНАРепубликаПочна изборната кампања за предвремени избори

Почна изборната кампања за предвремени избори

Изборната кампања денеска почнува за предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

Така е според Роковникот за извршување на изборни дејствија и кампањата ќе трае до 3 јуни до полноќ.  Изборната кампања предвидува јавно собирање, јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали, јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Државната изборна комисија вчера потврди дека на избори ќе се оди со една изборна листа и тоа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата НДМ за денеска најави прес конференција за според нив скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на партијата спротивно од Изборниот законик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com