HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочна гостувањето на „Танц фест 2016“ во Велес

Почна гостувањето на „Танц фест 2016“ во Велес

 

Народниот театар во Велес Јордан Хаџи Константинов-Џинот, е домаќин на „Танц фест 2016“ каде втора година по ред се одржува оваа манифестација. Организатор е „Скопје танцов театар“ кој оваа година го прославува својот петти роденден. Пред велешани беше изведена танцовата претстава „Стапнувајќи на земја“. Станува збор за танцова претстава која е составена од три кореографии појасни директорката на „Танц фест“ Рисима Рисимкин. Првата „Кој и да е“ е во кореографија на Андријана Андреева, втората „Најди некој“ на Матеа Киселичка и третата „Тишината на пчелите“ во кореографија на гостинката од Холандија, кореографката Џоан Ван Дер Маст, за која музиката специјално ја напишала италијанската композиторка Сара Замбони.

-„Пчелите воспоставуваат катарза на планетата Земја и уште од античко време се почитувани како свети инсекти. Функционираат во беспрекорно организиран систем на репродукција и одржување на животниот циклус на планетата. Загадувањето на Земјата го уништува нивниот природен процес на дејствување“ – рече Рисимкин.

Рисимкин додаде дека се работи за кореографското истражување во кое животот на пчелите е главната тема на инспирација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com