HomeСТУДЕНТУМПочнаа уписите на државните универзитети

Почнаа уписите на државните универзитети

Државните универзитети ги отворија вратите за упис на идните академски граѓани за учебната 2016/2017 година. На државните универзитети ширум земјава има 24.356 слободни места.

Во Битола, Штип и Охрид уписите стратуваа вчера, додека во Скопје и Тетово идните академски граѓани може да се пријавуваат од четрвток. 13.536 места се резервирани за редовните студенти во државна квота. За студентите со кофинансирање има 7.327 места, додека вонредно може да се запишат 3.493 студенти.

Надоместот за редовните студенти е 200 евра односно 100 евра за дисперзирани студиски програми, а износот за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок на УКИМ е на 18-ти и 19 август. Вториот уписен рок е на 5 септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15 септември, кога и почнува новата академска година. На универзитетите во Битола и Штип пријавувањето во првиот рок е на 15-ти, 16-ти и 17 август, а во Охрид на 15-ти и 16 август.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com