HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина 22 годишното момче од сообраќајката кај Рампа

Почина 22 годишното момче од сообраќајката кај Рампа

Утрово во 7 часот и 30 минути, почина 22 годишното момче од сообраќајката кај Рампа. Информацијата за 24 Вести ја потврди и директорката Јасминка Чабуковска на болницата Св. Наум Охридски.

Имено на 26 јули, 30 минути по полноќ се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.

Возачот на автомобилот се востанови дека е поранешниот телохранител на екс премиерот Дејан Митровски Урко.

Сообраќајната несреќа се случила кога Митровски во обид да премине преку две полни линии, му го пресекол патот на мотоциклистот кој одлетал со моторот прво во билборд на тротоарот на улицата, а потоа удрил во излог од продавница.

На возилата им се врши вонреден технички преглед, а одделот за крим – техника ги анализира примероците со крвта од момчето и од Урко.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com