HomeДЕНЕШНАРегионПочина хашкиот обвинет за воени злосторства, Горан Хаџиќ

Почина хашкиот обвинет за воени злосторства, Горан Хаџиќ

Обвинетиот пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, Горан Хаџиќ, кој поради здравствени причини беше пуштен на привремена слободата во април 2015 година, починал во синоќа во Нови Сад. Горан Хаџиќ починал на приемното одделение на службата за Итна помош околу 20 часот, на 58 години, потврдиле за агенцијата Бета од Српската радикална партија (СРС) во Белград.

Поради тумор на мозокот, Хаџиќ во април 2015-та беше пуштен на привремена слобода поради лекување, а неговиот адвокат Зоран Живановиќ во април годинава потврди дека судењето пред Хашкиот трибунал е прекинато „на неодредено време, и оттогаш Хаџиќ со семејството живееше во Нови Сад.

Белградските медиуми тогаш пишуваа, повикувајќи се на изјава на адвокатот Живановиќ за јавната телевизија на Република Српска во Бања Лука, дека одбраната на Хаџиќ се жалела пред Трибуналот на одлуката да не му се дозволува да се сретне со неколку блиски пријатели, кои биле планирани како сведоци на одбраната, а некои од нив веќе сведочеле и го завршиле своето учество во процесот воден против него во Хаг.

Судењето на Хаџиќ беше прекинато во октомври 2014 година откако му се слоши во притворското одделение. Хашкиот суд Хаџиќ го товареше за прогон на Хрватите, за истребување, убиства, незаконски притворања, мачења и нечовечко постапување, депортација и присилно преселување во периодот од 1991 до 1993 година,во источна Славонија и Книнска краина.

Судењето започна 2012 година, откако беше уапсен по седум години криење. Трибуналот го ослободи Хаџиќ на недоредено време без дополнителни услови, освен што неговиот лекар беше обврзан на судот редовно да му доставува извештаи за неговата здравствена состојба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com