HomeРЕФЛЕКТОРДизајнПочина славна француска модна креаторка

Почина славна француска модна креаторка

Француската модна креаторка Соња Рикиел почина во Париз на 87-годишна возраст, соопшти нејзината ќерка Натали. Креаторката, која во модниот свет важеше за „кралица на трикотажи“, починала како последица на долгогодишно боледување од Паркинсоновата болест. Францускиот претседател Франсоа Оланд по повод нејзината смрт соопшти дека Рикијел била пионер и дека со своите модели на жените им ја поклонила слободата на движење.

Соља Рикиел ја започнала кариерата кога најпрво за себе си дизајнирала роба од трикотажи, за потоа во 1968 година да ја отвори својата прва продавница во Париз.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com