HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина Скоти Мур, гитаристот на Елвис Присли

Почина Скоти Мур, гитаристот на Елвис Присли

Гитаристот на Елвис Присли, Скоти Мур, почина во својот дом во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, стои на официјалниот сајт на овој музичар. Винфилд Скот Мур (84) учествуваше во првите значајни снимања на Елвис Присли, како на концертот одржан на 5 јули 1954 година кога е изведена песната That’s All Right, првиот хит на легендарниот Елвис. Мур свиреше со Присли до 1968 година.

Скот Мур 2

На веста за смртта на познатиот музичар меѓу првите реагираше неговиот колега Џими Пејџ, гитристот на „Led Zeppelin“. „Почивај во мир. Ти си вистинска легенда на електрична гитара“, напиша Пејџ на Твитер. Скоти Мур свиреше со големи музички имиња на кои неговиот начин на свирење имаше големо влијание. Меѓу нив се наоѓаат музичари како Кит Ричардс, Ерик Клептон, Џеф Бек и Марк Нофлер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com