HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина Ричи Мартин, синот на легендарниот Дин Мартин

Почина Ричи Мартин, синот на легендарниот Дин Мартин

Ричи Мартин, најмладиот син на легендарниот американски пејач и актер Дин Мартин, почина на 63-годишна возраст. Една од неговите сестри, Дина, ја откри оваа вест на својот профил на Твитер: „Со голема болка во срцето сакам да објавам дека мојот брат почина. Почивај во мир Ричи, те сакаме“.

Ричи Мартин беше шестото од вкупно осумте деца на Дин Мартин, роден во вториот брак на легендарниот пејач со Џини Бигер. Ричи настапуваше во музичката група „Дино“, во која дојде како замена за покојниот брат на Дин, Пол Мартин. Пред 14 години ја напиша книгата „Тоа е љубов“, околу животот во Беверли Хилс во семејството на големата ѕвезда.

Din martin so semejstvoto

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com