HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина познатиот ирански режисер Абас Кијаростами

Почина познатиот ирански режисер Абас Кијаростами

Славниот ирански режисер Абас Кијаростами почина во Париз на 77 годишна возраст, во една приватна болница, каде се лечел од рак. Тој е добитник на бројни меѓународни филмски награди, меѓу кои и Златната палма од 1997 година. Во родниот Иран, како и многумина ширум светот, меѓу кои и претседателите на Иран и Франција, му оддават почит на Абас Кијаростами, кој се смета за еден од наголемите светски режисери.

Abas-K-arostami-f2

Абас Кијаростами беше ирански филмски режисер, сценарист, продуцент, сликар, фотограф и поет. Во кинематографијата беше активен од 1970 година и учествуваше во повеќе од 50 филмови, вклучувајќи краткометражни и долгометражни филмови. Неговите први долгометражни филмови беа „Искуство“ и „Патник“, а меѓународната афирмација ја стекна со таканаречената Кокерска трилогија.

Во текот на својата кариера има освоени награди на најголемите светски фестивали што му донесе светска слава од Европа до САД и Јапонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com