HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина познатата британска архитектка – Заха Хадид, остави многу скршени срца

Почина познатата британска архитектка – Заха Хадид, остави многу скршени срца

 

Разочарување, солзи и жалење во Британија. Познатата британска архитектка Заха Хадид по потекло од Ирак, почина во Мајами на 65 годишна возраст од срцев удар. Истата била примена во болница поради бронхитис поради што рано утрово доживеала срцев удар,пренесуваат од BBC.

Која беше Заха Хадид?
Кралица на модерната архитектура, чие име се врзуваше со многу објекти изградени во светот. Родена во Багдад во 1950 година, студирала матаематика на Американскиот институт во Бејрут а потоа се префрлила во светот на архитектурата влегувајќи во асоцијацијата на архитекти во Лондон во 1972 година.

Оваа жена со специфично име, секогаш го пренесуваше своето знаење во високообразовни иснтитуции како што се Хардвард, Јејл и Универзитетот на применети уметности во Виена.

Пред повеќе од месец дена, поточно во февруари Хадид ја доби престижната награда како прва жена архитект – златниот медал на RIBA, а двапати е добитник на престижната британска награда Стирлинг.

Инаку,засега датумот на погребот не се знае, но најавија дека ќе биде дополнително објавен. Архитекту на сите генерации, почивај во мир, Заха Хадид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com