HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина момчето кое беше извлечено од водите на Охридското езеро

Почина момчето кое беше извлечено од водите на Охридското езеро

Дваесет и четиригодишно момче кое беше извадено од водите на Охридското Езеро во Струга почина синоќа во Клиничкиот центар во Скопје. Седат И. од тетовското село Камењане бил извлечен од спасител на Црвениот крст во Струга и по првичната реанимација од тројца спасители момчето е пренесено во Струшката болница од каде било транспортирано на скопските клиники.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информираше дека несреќата се случила околу 16 часот на просторот меѓу „Машка“ и „Женска“ плажа, на место каде немало директно спасители, но интервенирале од соседните плажи.

„Момчето претходно било на педалинка од која скокнало во делот кај трските и го снемало. Интервенирале спасителите кои го пронашле кај трските и го реанимирале“, изјави Димоски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com