HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина Мет Робертс, поранешниот гитарист на групата „3 Doors Down“

Почина Мет Робертс, поранешниот гитарист на групата „3 Doors Down“

Поранешниот гитарист на култните „3 Doors Down“, Мет Робертс, почина во хотел во Милвоки на 38-годишна возраст, пренесуваат светските медиуми. Музичарот бил на пат со својот татко кон Вест Бенд во Винсконсин, каде требало да настапува на хуманитарен настан за ветерани. Роберт починал во холот од хотелот, а причината за смртта е се уште енигма.

Met-f2

Неговиот татко пренесува дека неговиот син имал проблеми со анскиозноста и дека бил зависник од таблети, уште од времето кога бил член на групата „3 Doors Down“. Групата ја напуштил поради здравствени причини, а со нив настапувал од 1996 година па се до 2012 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com