HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПочина легендата на македонското пливање, Александар Леко Радиќ

Почина легендата на македонското пливање, Александар Леко Радиќ

Во Охрид, на 87 годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ. Погребот ќе се изврши утре 18-ти јуни, на градските гробишта во Охрид.

Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се смета за зачетник, татко на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, кои Охрид и Македонија ги прославија на сите светски меридијани. Радиќ е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони како што се братот и сестрата Дики и Атина Бојаџи, Климе Савин, Насте Јончески, Ристо Бимбиловски и Александар Маленко.

Роден е во 1929 година во Охрид, а својата пливачка и тренерска кариера ја започнал во ПВК „Охридски бранови“.
Во 2013 година Леко Радиќ го доби највисокото општинско признание за животно дело Свети Климент Охридски – Патрон на градот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com