HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина легендарниот Тутс- кралот на усната хармоника

Почина легендарниот Тутс- кралот на усната хармоника

Белгискиот џез музичар Тутс Тилеманс, кој се смета за „крал на усната хармоника“, почина денес на 95-годишна возраст, изјави неговиот менаџер Верле Ван де Пел. „Почина во сон“, месец дена откако беше хоспитализиран после пад, истакна менаџерот.

Во текот на својата богата кариера настапуваше со големи имиња на џез музиката како што се Ела Фицџералд, Чарли Паркер, Мајлс Дејвис и Пет Метини. Музиката на Тилеманс се појавува исто така и во многу филмови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com