HomeДЕНЕШНАСветПочина Кит Хефнер, долгогодишниот уредник на „Плејбој“

Почина Кит Хефнер, долгогодишниот уредник на „Плејбој“

Кит Хефнер, брат на Хју Хефнер и долгогодишен извршен уредник на „Плејбој“, почина на 87-годишна возраст, во својот дом во Беверли Хилс, после долгогодишна борба со ракот. Кит беше помлад брат на Хју Хефнер, кој пак денес полни 90 години и со него заедно го градеа „Плејбој“ царството. Неговата работа се сочинувала во регрутирање на девојки, но и нивна обука.

Привремено се занимавал и со глума и се појавил во неколку филмови, како во „Evil Town“ и „Fever Pitch“, како и во неколку телевизиски серии од кои најпозната е „Get smart“.

Кит и Хју Хефнер са мајком Грејс и оцем Гленом 1967. године у Чикагу

Беше оженет со манекенката Кај Хефнер, а ќе биде запаметен и по тоа што го измисли „Bunny Dip“, секси движење со кое девојките служеле храна и пиење на гостите.

Кит Хефнер са супругом Кајом

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com