HomeДЕНЕШНАСветПочина Ели Визел, нобеловски автор и сведок на холокаустот

Почина Ели Визел, нобеловски автор и сведок на холокаустот

Меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем” во Ерусалим соопшти дека почина Ели Визел на 87 години, влијателен писател кој го преживеа холокаустот.

Роден во 1928 година, Визел пишуваше главно за престојот во нацистичките концентрациони логори. Во 1986 Визел доби Нобелова награда за мир. Норвешкиот Нобелов комитет го нарече гласник на човештвото. Човек, кој се издигнал од крајно понижување и станал еден од најважните духовни водачи и водичи. Во говорот, примајќи ја наградата, Визел рече дека светот никогаш не смее да молчи кога страдаат луѓе, оти неутралноста само му помага на опресорот, никогаш на жртвата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com