HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаПочина девојката чиј бакнеж означи крај на Втората светска војна

Почина девојката чиј бакнеж означи крај на Втората светска војна

Грета Цимер Фридман, жената која ја бакна морнарот Џорџ Мендонс на 14 август 1945 година и кога беше направена една од најпознатите фотографии на 20 век, почина на 93 годишна возраст.

Нивниот бакнеж, за кој подоцна се дозна дека бил се освен романтичен, беше забележан во текот на прославата на победата над Јапонија на крајот на Втората Светска војна, во “Times Square” во Њујорк. Во времето кога настана фотографијата, Грета имала 21 година и работела стоматолог – асистент. Облечена во бела униформа, Грета истрчала на улица, заедно со илјада сограѓани, откако беше објавена веста за конечен крај на војната. Џорџ ја забележал Грета, ја гушнал и ја бакнал. Двајцата млади до тогаш никогаш се немале сретнато.

Мендонса во тоа време се забавувал со медицинската сестра Рита Петри, со која подоцна се венчаше.

Фотографијата на Алфред која во почетокот едноставно се викаше “V-J Day in Times Square”, со текот на времето го доби името “The Kiss.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com