HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина Гери Маршал, режисерот на „Happy days“ и „Pretty women“

Почина Гери Маршал, режисерот на „Happy days“ и „Pretty women“

Гери Маршал починал во вторникот на 81-годишна возраст во болницата Бербанк во Калифорнија од компликација на воспалување на белите дробови која ја добил после мозочен удар, наведе во соопштението неговиот публицист Мишел Бега. Бил спретен во комедиите и романсите и имал низа хит телевизиски серии меѓу кои и „Happy days“ и многу успешни филмови на благајните.

Geri-Marsal

Филмот „Pretty women“ од 1990 година стана еден од комерцијално најуспешните филмови од 1990-тите години со заработка од 4.6 милиони долари, а денес се смета за еден од најуспешните филмови од тој жанр. Маршал се појавуваше и како впечатлив спореден актер во бројни улоги, каде посебно привлекуваше неговиот њујоршки нагласок и груб настап.

Подоцна се концентрирал само на режирањето. Спојувањето на Ричард Гир и Џулија Робертс во „Pretty women“ направило огромен хит, а покрај тоа дело режирал уште неколку значајни филмови од тој период.

Zgodna-zena

Меѓу негови најголеми хитови се филмот „Overboard“ од 1987 година, со Голди Хон и Курт Расел, „Dear God“ со Џон Денвер и Џорџ Бернс и „The Princess Diaries“ од 2001 година.

Гери Маршал ќе биде погребан во кругот на семејството, но се планира и комеморација на неговиот роденден на 13 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com