HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина Антон Јелчин, актерот од франшизата „Star Trek“

Почина Антон Јелчин, актерот од франшизата „Star Trek“

Американскиот актер Антон Јелчин, познат по улогата Павел Чехов во франшизата „Star Trek“, почина во сообраќајна несреќа на 27-годишна возраст, соопшти полицијата. Според информациите од полицијата, тој стоел позади својот автомобил кој тргнал наназад и удрил во актерот кој се заглавил меѓу столбот и безбедносната ограда.

Антон-1

Актерот се упатил да се сретне со пријателите на проба, а кога не се појавил, тие отишле до неговата куќа каде го пронашле неговото мртво тело. Неговата претставничка за медиумите Џенифер Ален ја потврдила оваа вест истакнувајќи дека неговото семејство се замолило за приватност.

Антон кариерата ја започнал во Холивуд како дете со помали улоги во неколку независни филмови и телевизиски серии, пред да ги добие улогите во филмови како „Like Crazy“ и „Alpha Dog“. Најзначајна улога доби во франшизата „Star Trek“. Јелчин е роден во Русија, а неговите родители професионално се занимавале со уметничко лизгање се преселиле од таму уште кога тој бил бебе.

Антон-3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com