HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина анестезилогот осомничен за смртта на родилката од Гевгелија и нејзиното бебе

Почина анестезилогот осомничен за смртта на родилката од Гевгелија и нејзиното бебе

 

Анестезиологот кој беше осомничен за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе починал. Ова значи дека постапката за неговото судење се запира и продолжува на вториот анестезиолог. Сега за сега се верува дека лекарот починал од мозочен удар.

По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилка и на новороденчето, Основното јавно обвинителство Велес започна предистражна постапка. Според наредбата за анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари анестезиолози биле во алкохолизирана состојба.

Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com