HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина актерот Џорџо Албетраци

Почина актерот Џорџо Албетраци

Италијанскиот актер и режисер Џорџо Албетраци, познат по улогата цар во „Хадријановите мемоари“ по романот на Маргарет Јурсенар, почина на 92 години во родното место Тоскана, соопшти неговото семејство. Италијанскиот премиер Матео Ренци наведе дека Албетраци бил „голема личност“ за италијанската култура.

Претседателот на Италија Серџо Матарела го нарече глумецот, познат по својот добар изглед, како учител на многу генерации на актери и режисери. Албетраци глумеше и во театри и во филмови, а познат е по одличните улоги на крајот од својата кариера. Во театрите најчесто глумеше во делата на Шекспир, работеше со некои од најпознатите италијански режисери вклучувајќи го Лукино Висконти и Франк Зафирелиј.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com