HomeДЕНЕШНАРепубликаПотресите почувствувани низ повеќе региони на Македонија

Потресите почувствувани низ повеќе региони на Македонија

Трите посилни земјотреси кои денес го погодија Скопје се почуствувани и низ повеќе региони на Македонија. Најмногу земјотресите имале ефект во Велес каде станарите од повисоките катови на зградите биле видно вознемирени. Земјотресот е почуствуван на исток до Свети Николе, на запад до Тетово, на југ до Битола и Кавадарци, а најодалечено место од епицентарот под Скопска Црна Гора каде се осетил земјотресот е Охрид, сведочат граѓани на социјалните мрежи.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија земјотресите биле со јачина од 3.9 степени според Рихтер во утринските часови на плитка површина од два километра, додека пак земјотресот кој се сличи попладнето бил посилен со 5.3 степени, но на поголема длабочина, па затоа и нема посериозни последици. Сеизмолошките опсерватории од регионот исто така поднесоа извештаи за земјотресот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com