HomeРЕФЛЕКТОРФилмПотрагата по новиот Џејмс Бонд е започната

Потрагата по новиот Џејмс Бонд е започната

Даниел Крејг, според последните информации, се откажал од улогата во серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд. Овие вести стигнуваат само неколку дена откако од кладилниците беше повлечено кладењето за тоа кој ќе биде новиот Бонд, односно откако беше повлечена опцијата да се ставаат кладби на Том Хидлестон. До сега Крејг беше најдобро платениот актер во улогата на тајниот агент, со вкупна заработка од вкупно 50 милиони евра.

Иако се уште нека дадено никаква изјава, сепак се тврди дека одбил понуда од 90 милиони евра за да се врати и да сними уште два филма. „Даниел е готов и тоа е тоа. Му даваа многу пари, но тоа не е тоа што тој го сакаше“, изјави неименуван извор во Холивуд. Се очекува жестока битка за тоа кој ќе ја добие улогата на популарниот Џејмс Бонд, бидејќи во игра се повеќе актери како Идрис Елба, Том Хидлестон, Хенри Кавил, Џек Оконел, Ричард Маден, Џејми Бели Руперт Френд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com