HomeДЕНЕШНАСкопјеПотрагата без успех – малата Елиф се уште ја нема

Потрагата без успех – малата Елиф се уште ја нема

И вчерашната побројна акција за спасување на 16 месечното девојче кое изчезна за време на катастрофалната поплава на 6-ти овој месец не вроди плод. Семејството Фејзулаху за вчера побара помош од доброволци и волонтери, а се трагаше и во поширок радиус покрај Смилковско езеро, но без успех.

Од Семејството на девојчето велат дека иако ја губат надежта не се откажуваат од потрагата. Малата Елиф ја бараа и специјалци и војската со кучиња трагачи, но и 22 дена откако исчезна нема ниту трага од девојчето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com