HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПотврдено: Реал сега има пеколен напад!

Потврдено: Реал сега има пеколен напад!

Како и што се очекуваше, Алваро Мората ова лето ќе се врати во Реал Мадрид. Извршниот директор на Јувентус Бепе Марота потврди дека Реал Мадрид ќе го искористи правото на откуп на Алваро Мората за 30 милиони евра и ќе го врати напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, интересно е тоа што Бебе Марота додаде деа тие повторно ќе се обидат да ги отворат преговорите за негово повторно враќање во Јувентус.

„Реал Мадрид ќе ја искористи предноста на откупната клаузула. Мората ќе го напушти Јувентус и ќе се врати во Реал Мадрид. Ќе видиме дали постои можност повторно да го купиме“, изјави Марота. Сепак, тешко е да се верува дека Јувентус ќе успее да го врати Мората, бидејќи Реал веќе има понуди од Челси и Јунајтед кои се спремни да платат сума поголема од 60 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com