HomeДЕНЕШНАРепубликаПостудено време проследено со врнежи

Постудено време проследено со врнежи

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 3.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната температура на воздухот ќе биде во интервалот од 16 до 22 степени.

Скопје ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе бидат послаби. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Температурата ќе се движи од 14 до 19 степени.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Температурата ќе биде во благ пораст.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com