HomeАНТИСТРЕСГурманПосна но вкусна пита со зеленчук и печурки

Посна но вкусна пита со зеленчук и печурки

 

Кои состојки Ви се потребни:
– 500 г компир,
– 500 г морков,
– 500 г бела зелка,
– 500 г спанаќ,
– 500 г кори за пита,
– Сечкани печурки,
– 200 г трошки од соја
– 200 г кромид,
– 1 шолјичка масло,
– Црн пипер,
– сол,
– зачин од мешан зеленчук.

Како се приготвува:

На масло испржете го исечканиот кромид, па по редослед додавајте компир, морков исечкан на тркалца, зелка исечкана на коцки, сечкани печурки, соини трошки, и на крај обарен и исечкан спанаќ. Посолете и запиперете, додадете зачин, а потоа филувајте ја питата, кора по кора. Печете на 220 степени околу половина час.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com