HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПосле 29 години, Рајан Гигс заминува од Манчестер Јунајтед!

После 29 години, Рајан Гигс заминува од Манчестер Јунајтед!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс го напушти клубот после 29 години. Како што пренесе „Би-би-си“ 42-годишниот Рајан Гигс ги договорил условите со управата на клубот од „Олд Трафорд“ околу неговото заминување и тоа ќе биде официјално објавено од страна на клубот во следните неколку денови.

Договорот на Гигс како помошен тренер истекува за една година, но новиот тренер на екипата Жозе Мурињо на тоа место сака да го доведе својот долгогодишен пријател Руи Фари. Бидејќи не успеа да се договори со управата околу нова функција во клубот, Гигс одлучил да го напушти „Олд Трафорд“. Велшанецот има тренерска УЕФА про лиценца па би можел да води некој тим во Премиер лигата. Тој во Јунајтед беше помошник на Луј Ван Гал и Дејвид Мојс.

Гигс 1

Гигс како 14-годишно момче пристигна во академијата на Јунајтед и за клубот одигра рекордни 963 натпревари. На 17 години стана професионалец, а на 2 март 1991 година дебитираше за првиот тим во натпреварот против Евертон.

Гигс-2

Успеа да освои рекордни 13 шампионски титули, две Лига на шампиони и по четири Фа Куп титули што го прави најтрофејниот британски фудбалер на сите времиња. Исто така освои и девет Комјунити Шилд титули, Суперкуп Уефа, интерконтинентален куп и светското клупско првенство.

Гигс 3

Гигс 4

Со доаѓањето на Дејвид Мојс во клубот 2013 година, стана играч-тренер во Јунајтед, а го водеше тимот во последните четири натпревари во сезоната кога Мојс доби отказ. Гигс претставува една од последните врски со ерата на легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон, а е еден од најодговорните за воведувањето на талентираниот 18-годишен напаѓач Маркус Рашфорд.

Во продолжение да се потсетиме на постигнатите погодоци на Гигс во својата кариера како фудбалер на Манлчестер Јунајтед.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com