HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПосле осум години пауза, конечно нов албум на „Металика“!

После осум години пауза, конечно нов албум на „Металика“!

Популарната хеви метал група „Металика“ објави, дека после долгата осум годишна пауза, конечно оваа година ќе издаде нов албум. Албумот со 80 минути свирка под назив „Hardwired… To Self-Destruct“ ќе биде 11 студиски албум на „Металика“ и во продажба би требало да биде достапен почнувајќи од 18 ноември. Нивниот претходен албум под нази „Death Magnetic“ беше објавен во 2008 година.

metallica 2

„Навистина постои! Знаеме дека беше подготвуван долго време, но сега со гордост го претставуваме „Hardwired… To Self-Destruct“, долгоочекуваниот нов студиски албум на Металика“, објави бендот на својот официјален „Фејсбук“ профил. За нивниот албум истакнаа дека тој претставува „следна фаза од нивното патување“.

„Металика“ е еден од најпознатите хеви метал бендови на минатиот век и е основан во 1981 година во Лос Анџелес. Во текот на својата богата кариера овој бенд има продадено повеќе од десетина милиони албуми и има направено бројни хитови по кои засекогаш ќе останат запаметени во историјата на оваа музика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com