HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПосле Зејн Малик и Хари Стајлс тргна во соло водите

После Зејн Малик и Хари Стајлс тргна во соло водите

Од познатата петорка „One Direction“ уште еден пејач започна своја соло кариера. После бројните пишувања и шпекулации, потврдено е дека Хари Стајлс потпишал договор со менаџментот на компанијата „Колумбија рекордс“. Зејн Малик прв го напушти проектот „One Direction“. Тој е многу успешен, неговите песни се многу слушани, единствено нешто што може да му ја помати среќата е неговиот проблем со анксиозноста.

Хари Стајлс гледајќи го својот колега како напредува, одлучил и тој да започне своја соло кариера, а како што велат од издавачката куќа „Колумбија рекордс“ големи се шансите и тој да забележи голем успех. Музичкиот гигант до сега водеше сметка за кариерата на бендот „One Direction“, па така може да се каже дека добро ги познава пејачите од овој бенд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com