HomeДЕНЕШНАСветПосле Брегзит Британците бараат белгиско државјанство

После Брегзит Британците бараат белгиско државјанство

Белгија, после одлуката на Британија да излезе од Европската Унија, прими стотини барања од Британци кои сакаат да добијат белгиско државјанство. Речиси 24.000 државјани на Британија живеат во Белгија, од кои една третина во Брисел. Многу од нив работат во институциите на ЕУ и Нато, чии седишта се токму во тој град.

Претседателот на една од бриселските општини вели дека последните неколку дена кај нив се јавиле околу 40 лица за да ги земат документите потребни за поднесување на барање за државјанство. Белгиско државјанство може да добие секој оној кој живеел и работел во оваа земја повеќе од пет години и се служи со еден од трите официјални јазици- француски, холандски и германски.

Пасош

Оние пак кои не биле вработени во Белигија, мораат таму да живеат повеќе од 10 години за да добијат државјанство, а мораат и да докажат дека во одредена мера се вклопиле во белгиското друштво.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com