HomeАНТИСТРЕСГурманПосен ручек за утре: Компири со печурки и праз

Посен ручек за утре: Компири со печурки и праз

 

Вкусен и посен ручек Ви препорачуваме за утре. До Велгиден има доста денови кои треба да се испостат, па затоа овој оброк ќе Ви легне добро. Празот е тајната и главна состојка на ова јадење која кој ќе му даде прекрасен вкус на јадењето, и ќе помогне да остане сочно и вкусно.

Потребни состојки:

– 1 тенок праз
– 400g поситни печурки (шампињони)
– 4 големи компири
– 1 лажица Вегета
– 2 лажици маслиново или сончогледово масло
– 1 лажица брашно
– 1/2 лажичка куркума
– сол и вода

Како се подготвува:

Прво:
Исечкајте го празот, додадете една чаша вода, масло и зачин и ставете го на оган да се динста.
Второ:
Во меѓувреме излупете ги компирите и исечете ги поголеми парчиња и ставете ги да се варат. Варете ги 10 минути и тргнете ги од оган.
Трето:
Откако празот ќе се издинста, во земјен сад, ставете половина од празот и убаво распоредете го. Врз него ставете слој од компири и свежи печурки.
Четврто:
Во преостанатиот праз додадете 250ml вода, малку сол, куркума и 1 лажица брашно и сè убаво измешајте. Со оваa смеса прелијте ги компирите и печурките.
Пето:
Печете на 30 минути на 220 степени, така што садот ќе биде покриен со капак. После 30 минути извадете го капакот и печете уште дополнителни 30 минути.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com