HomeРЕФЛЕКТОРИзложбиПортрет од Мајка Тереза составен од 87 слики – дело за восхит

Портрет од Мајка Тереза составен од 87 слики – дело за восхит

56 уметници под раководство на професорот Мифтар Мемети, насликаа 87 слики кои кога ќе се спојат, ќе излезе портретот на Мајка Тереза. Иницијаторот на изложбата вели дека е завршена голема работа. Неговата цел е освен во Тетово, Скопје, Тирана и Приштина, проектот да биде прикажан и во Ватикан и Калкута, но како што вели сето тоа зависи од поддршката на проектот од домашните институции.

Ова не е прв ваков проект на професорот Мемети. Вели дека портретот ќе биде изложен до крајот на септември. Претходно, тој има направено уште два вакви проекти, еден со 100 слики по повод 100-годишнината од Независноста на Албанија и портрет на Мајка Тереза составен од 100 помали портрети по повод 100-годишнината од нејзиното раѓање.

Мајка Тереза утре треба да биде прогласена за светица.

Целиот прилог погледнете го во видеото на ТВ21.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com