HomeФЕР ПЛЕЈТенисПорторико се „позлати“, Пуиг ја совлада Кербер во тениското финале

Порторико се „позлати“, Пуиг ја совлада Кербер во тениското финале

Порториканката Моника Пуиг е првиот освојувач на златен медал за својата земја од тековните Олимписки игри во Рио. 22- годишната тенисерка во финалето од тенискиот турни во женска конкуренција ја совлада Анжелик Кербер со 2-1 во сетови, односно 6:4, 4:6, 6:1.

Херцог, Павличенкова, Мугуруза, Зигмунд и Петра Квитова беа совладаните пречки за да се стигне до големото финале во кое потклекна фаворизираната Германка. Ова за 34-та тенисерка на ВТА ранг листата е втор освоен професионален турнир, покрај оној во Страсбур во 2014 година. Инаку, во битката за бронзата, Квитоа беше подобра од Киз со 7:5, 2:6, 6:2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com