HomeДЕНЕШНАРегионПорано терористи, сега жртви: Во Албанија пристигнаа уште 155 муџахедини

Порано терористи, сега жртви: Во Албанија пристигнаа уште 155 муџахедини

Во Албанија пристигнаа уште 155 ирански муџахедини, кои во согласност со договорот на Тирана со Вашингтон ќе бидат сместени во неколку приватни објекти. Албанските медиуми, кои се повикуваат на иранската новинска агенција Fars News Agency, додаваат дека авионот со кој се превезени од Ирак во Албанија е од една американска приватна компанија.

Со договорот меѓу САД и Албанија од март 2013 година, владата во Тирана треба да прифати две илјади муџахедини сунити од Иран, бидејќи тие се опозиција на иранската власт во која доминираат шиитите и се сметаат за ризична група во нивната земја која имаше поддршка од егзекутираниот диктатор Садам Хусеин.

Досега во Албанија на трипати пристигнаа неколку стотици муџахедини кои поради немање доволен простор во центрите за азил, добар дел живеат во повеќе станови. Албанските медиуми оценуваат дека добар дел од муџахедините веќе и работат..

Договорот меѓу САД и Албанија беше постигнат со залагање на тогашната државана секретарка Хилари Клинтон, сегашната кандидатка за американски претседател на ноемвриските избори, откако претходно во есента 2012 година организацијата беше симната од американската листа на терористички организации, но Стејт департментот истакна тогаш дека не го заборава нејзиното милитантно минато, како и вмешаноста во убиството на американските државјани во Иран во 1970-те и нападот на американска почва од 1992 година.

Според Вашингтон иранските муџахедини одамна се откажале од насилството и активно соработувале со американските разузнавачки организации во собирањето информации за случувањата во Иран.

Организацијата Муџахедин на иранскиот народ дејствуваше во Ирак во времето на иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година, со поддршка на режимот на ирачкиот диктатор Садам Хусеин, од каде преземаше вооружени напади против Иран.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com