HomeДЕНЕШНАСветПоранешниот телохранител на Бекам е бездомник и живее на аеродром!

Поранешниот телохранител на Бекам е бездомник и живее на аеродром!

Воениот ветеран и поранешен телохранител на фудбалерот Дејвид Бекам, Дејвид Камерон завршил како бездомник и живее на лондонскиот аеродром „Хитроу“. 46-Годишниот човек, кој се претставува како Сајмон Џоунс, бил инспириран од филмот „Терминал“ со Том Хенкс во главната улога и на аеродромот живее веќе еден месец.

Во филмот на Спилберг, Том Хенкс ја толкува улогата на човек од источна Европа кој е заробен на аеродромот откако во неговата земја започнала војната и не може да се врати, ниту пак му одобруваат влез во неговата земја.

Terminal

Престојувајќи на аеродромот, Џоунс преживувал во главно хранејќи се со остатоците од храна кои ја оставаат патниците зад себе и користи бесплатен безжичен интернет за да бара работа. Поранешниот припадник на падобранската единица, завршил на аеродромот откако му пропаднал бизнисот. Истакнува дека аеродромската безбедносна служба ниту еднаш не му вршела некакви испитувања.

За време на воената служба бил во Ирак, Авганистан, Сомалија, Ангола, Нигерија, Судан и Израел, за потоа да основа своја компанија. Бил телохранител и на саудиското кралско семејство, на бројни американски дипломати, како и на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон. Неколку години бил телохранител и на Дејвид Бекам и се грижел за безбедноста на неговата сопруга Викторија и децата.

За новинарите изјавил: „Одеднаш изгубив се. Се што имав вложив во мојот бизнис, поради тоа страдаше и мојот брак. Кога пропадна работата, пропадна и мојот брак, па наеднаш се најдов на улица без пари. Тогаш се сетив на филмот со Том Хенкс и дојдов на аеродромот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com