HomeДЕНЕШНАСветПоранешниот египетски претседател осуден на доживотна казна

Поранешниот египетски претседател осуден на доживотна казна

Египетскиот суд во саботата го осуди на казна доживотен затвор поранешниот исламистички претседател Мохамед Морси поради шпионирање во полза на Катар, извести AFP.

На поранешниот претседател Мохамед Морси, кој во јули 2013 година од власт го отстранија влијателните вооружени сили на Египет, откако истече нивниот ултиматум преку преговори со секуларната опозиција да ги сопре повеќемесечните крвави протести во земјата, и којшто и во други постапки веќе беше осуден на смртни и казни доживотен затвор, во саботата му се судеше заедно со уште десетмина лица, сите обвинети дека предавале „документи поврзани со националната безбедност“ на Катар.

На доживотен затвор, што во Египет веднаш подразбира 25 години, Морси е осуден поради тоа што бил на чело на „илегална организација. Покрај тоа, прогласен е виновен и поради тоа што „отуѓил тајни документи поврзани со државната безбедност“, изјави за AFP неговиот адвокат Абдел Монеим Абдел Максуд.

Морси, сепак, е ослободен по точката од обвинението за шпионажа. Шесттемина обвинети заедно со него по оваа точка се осудени на смртни казни.

Ова е четврто судење на Морси, член на историското панарапско исламистичко движење Муслиманско братство, кое египетските власти го прогласија за терористичка организација и го забранија неговото дејствување. Поранешниот претседател, прв египетски челник кој беше избран на непосредни избори откако во 2011 година со ткн Арапска пролет беше соборен деценискиот автократски претседател Хосни Мубарак, во три одвоени судски постапки веќе е осуден на смрт, на доживотен затвор и на дваесетгодишна затворска казна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com