HomeДЕНЕШНАРегионПорака за будење на Балканот: Да ви објаснам што е војна

Порака за будење на Балканот: Да ви објаснам што е војна

Сатусот на Елдин Курбашиќ од Сараево објавен на неговиот фејсбук профил привлече многу внимание во регионот. Тој упати јасна порака и критика кон сите кои подгреваат непријателства и повикуваат на насилство. Ја прикажува војната низ искуството на обичниот човек фрлен во крвта, шрапнелите и туѓите интереси.

„Бидејќи се крена „кука и мотика“ на патриотите и родољуби од сите врсти, од сите меридијани и паралели, со сите бои на партиски книшки и имотни листови, повикуваат на војни и фронтови… ред е да се сподели знаење, чиста емпирија, ништо препишано: Војна за почетници (низ перспектива на војниците)

eldin kurbasic
– Родителите од прозорецот го набљудуваат ридот додека го девастираат илјадници гранати, а знаат дека ти си горе во акција. Гледаат и молат Бога да се вратиш жив, па и по цена да останеш инвалид. Само да си жив.

– Не мора да те погоди куршум или шрапнел за да загинеш. Те убиваат и детонациите, од ударите пукаат внатрешните органи. Првите симптоми вклучуваат губење на свеста и повраќање на крв.

– Вратен од акција добиваш должност на сопругата и мајката на твој соборец и на неговата двегодишна ќерка да им кажеш дека нивниот син, сопруг и татко починал. Се препорачува да имаш лента седативи и веднаш да им дадеш. Они вриснуваат во плач уште кога ќе те видат, како со двајца другари им стоиш пред врата, бидејќи дефинитивно на лицето немаш насмевка. Тогаш со сигурност на неколку секунди помислуваш и претпоставуваш како твоите би реагирале во истата ситуација.

– Размена на мртвите. E ева е посебна дисциплина на психолошко сј*бување. Проверуваш над 120 тела за да го пронајдеш телото на роднината. Нема да одам во повеќе детали

– Откриваш дека крвоскокот од феморалната артерија кога ќе ја погоди куршум е околу пола метар во висина, а ти ја ставаш дланката врз неа, додека со другата рака му го вадиш јазикот на другар ти од уста за да не се угуши во шокот кој настапува веднаш.

– Имаш околу 10 секуди на другар ти да му го сопреш крварењето од белите дробови погодени со шрапнел. Ако немаш вистински завој и целофанот од кутијата цигари може да ти помодне.

– Куршумот има брзина од околу 1 км во секунда. Лета непрвилни околу сопствената оска, има неправилен облик од повеќеслоен метал и топлина од околу 250степени и ги раскинува ткивото, коските, вените и артериите во дел од секундата.

– Глувчешка треска: Ако дома си се навикнал на стаорци со големина на мачор, во војната додека лежиш и ги гледаш како одат на најлон врз тебе ќе се навикнеш и на болеста која се вика грувчешка треска и е многу честа и кај војниците во рововите. Твоите бубрези сигурно нема да се навикнат.

– Дрвото само од себе пука на -17 степени додека си на стража.

– Советот на Итната помош повеќеслојно да се облекувате, добива сосема нова димензија кога месец дена и повеќе мораш да бидеш така облечен во кал до колена.

– Ќе ги занемариш нутритивните вредности на маргаринот кој ќе го добиеш на парче леб и со него ќе ги намачкаш своите војнички чизми. Поважно ќе ти стане да имаш суви нозе во снегот отколку полн желудник.

– Бајонетот не се носи за со него некого да заколеш, туку за да се закопаш во тврдата земја на некоја чистина (во текот на лудачкиот напад на кој те пратила команда во која седат хохштаплери и дилетанти) веднаш штом те поклопи непријателската артилерија.

– Непријателскиот снајперист е поздодевен од било кој комарец.

– Оружјето секогаш МОРА да ти биде суво. Нема водоотпорен сертификат како извесни мобилни телефони денеска.

– Навалата на адреналин додека те држат во карантин пред акција е константна и околу 845 пати посилна од онаа при твоето прво сексуално искуство.

Има уште многу, но мислам дека и ова е доволно за вжештените глави кои би сакале да војуваат и им порачувам: Не повикувајте на војни ако не сте способни ова и уште десет пати повеќе, да го поднесете вие и вашите синови“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com