HomeДЕНЕШНАРепубликаПоради бременост избркани 10 работнички од иста фирма

Поради бременост избркани 10 работнички од иста фирма

Бременост, завчера избрка од работа 10 текстилни работнички, сите вработени во една фирма, пренесе Тв Стар.

Станува збор за конфекционерки од Крива Паланка кои од пред два дена повторно се на евиденција на Агенцијата за невработени, а единствена причина за тоа е одлуката да станат мајки.

За ова, тие јавно побарале помош од Здружението за заштита на текстилни работнички од Штип:

„Завчера се избркани 10 бремени жени, значи имаме пркршување на договорот за вработување и покрај тоа што е кажано дека за време на бременоста жената не треба да се избрка од работа“ , вели Горан Трајков, Здруж. за заштита на текстилни работнички.

Ова е само еден од примерите за тоа како се кршат човековите права во дел од македонските фабрики:

„Секојдневно се соочуваме со она што и се случува на работниците, по колку саати работат, дека загинуваат на работно место“ , изјави Уранија Пировска, прет. на Хелсиншки комитет – Македонија.

Состојбата, особено лоша е во последните неколку години , а кршењето на работничките права е пропорционално со падот на стандардот:

„Поради сиромаштијата луѓето прифаќаат да работат и повеќе часови и да не бидат плаќани соодветно“ , рече Уранија Пировска, прет. на Хелсиншки комитет – Македонија.

Сепак, ниту еден од нив јавно не зборува за проблемите, уште помалку официјално ги пријавува во инспекција, кај народен правобранител или Хелсиншки комитет.

Токму и поради ова, наместо да се зголемуваат, работничките права се намалуваат, а Синдикатот во најголем број случаи гледа сеир.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com